Путин најдобро знае дали има двојник. Еве го неговиот одговор!

Евгениј Бијатов/Sputnik
Верувале или не, трето најпопуларно пребарување на интернет на руски јазик поврзано со презимето Путин е „Путин двојник докази“!

Претседателот на Русија Владимир Путин одговори на прашањето кое ги интригира корисниците на интернетот, а се однесува на евентуалниот двојник на претседателот. Прашањето му го постави новинарот Андреј Ванденко во интервјуто водено во склоп на проектот на агенцијата ТАСС „20 прашања за Владимир Путин“.

Новинарот рече дека одлучил да ги провери на интернет пребарувањата поврзани со презимето Путин. Така меѓу честите пребарувања „Путин инстаграм“, „Путин Зеленски“, се најде и „Путин двојник докази“. По тој повод новинарот го праша претседателот дали постои негов двојник. Шефот на руската држава одговори одречно.

Претседателот на РФ, сепак, призна дека таквата идеја се појавила на почетокот на деведесеттите во врска со настаните и местата на кои присуството на шефот на руската држава било небезбедно. „Па, се одреков од двојник. Тоа беше во најтешките времиња на борбата против тероризмот“, рече тој.

„На големата конференција за новинарите одржана во декември 2015 година претседателот рече дека не му се потребни двојници. „Каков двојник? Немам никакви двојници. Зошто би ми биле потребни“, им одговори рускиот претседател на репортерите.

Во текот на Директната линија во април 2015 година на прашањето дали би сакал да се клонира себеси или да создаде армија од свои двојници-функционери, рускиот лидер одговори кратко и одречно, велејќи дека не сака.

Ова прашање одамна ги интересира граѓаните. Така, на пример, во Сочи 2009 година, кога Владимир Путин и Дмитриј Медведев решија да прошетаат на кејот, една минувачка претпостави дека се работи за нивни двојници. „Не, не се двојници, тотално се вистински“, со насмевка ѝ одговори Медведев.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња