Русија почна со производство на системот С-400 за Индија

Кирил Калиников/Sputnik
Договори за испорака на С-400 се склучени и со Турција и Кина. Можноста за купување на ова оружје во моментов ја разгледуваат и властите на Ирак.

Министерот за индустрија и трговија на Руската Федерација Денис Мантуров, во интервју за новинската агенција РИА „Новости“ изјави дека Русија започнала со производство на противвоздушни ракетни системи С-400 за Индија.

„Русија ќе ѝ ги испорача на Индија системите С-400 во роковите предвидени со договорот. Генерално, сите обврски преземени од страните, вклучително и плаќањето, се реализираат во полна мера. Исто така, се работи и на отворање на школски центар во Индија“, рече министерот.

Минатиот октомври Русија и Индија склучија договор за купопродажба на системи С-400. Пет полкови најнови противвоздушни ракетни системи ќе го чинат Њу Делхи 5,43 милијарди долари. Оваа трансакција е окарактеризирана како најголемата за време на постоењето на „Рособоронекспорт“. Завршетокот на испораката се очекува во првата половина на 2025 година.

С-400 „Триумф“ е руски противвоздушен ракетен систем со долг и среден дострел. Наменет е за уништување на сите модерни и перспективни средства за воздушно-космички напад.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња