Како од „Лада Гранта“ и „Нива“ настанаа фургони од милион рубли

Lux Form
Московска фирма ги модифицира патничките автомобили не само во комбиња, туку и во ладилници, возила за подготовка и продажба на храна или за кампинг.

Фирмата Lux Form претстави товарни возила со модуларни надградби на база на моделите ВИС-2349 («Гранта») и ВИС-2346 («Нива»). Според информациите од веб-страницата на компанијата, комбе на база на Granta со каросеријата чини 1,12 милиони рубли.

Другите модификации, вклучително и оние базирани на Niva, ќе бидат достапни за купување подоцна. Модуларната надградба што ја нуди Lux Form е универзална и иста за двата модела. Засега е достапно обично комбе во основната верзија со каросерија од сендвич-панел и волумен од 6,4 кубни метри. Има и двокрилна врата изработена од АБС-пластика. Долго е скоро пет метри, а само надградбата изнесува 2347 милиметри. Имајќи го предвид сандакот, во каросеријата може да се смести товар кој достигнува три метри. Носивоста на комбето е 690 килограми.

Кај ВИС-2349 и ВИС-2346, на челичниот рам се прицврстува кабина со каросерија на сериска „Гранта“ и „4x4“ од кои е позајмен и моторот. Ваквата конструкција овозможува на клиентите да им бидат понудени најразлични додатоци од фуд-трек до кампер.

Во мај минатата година Lux Form претстави кампер, базиран на новата „Ладеа Гранта“. Возилото е опремено со модул со два лежаи и кујна и наскоро ќе биде пуштен во продажба по цена од 1150000 рубли (околу 16500 евра).

Прочитајте повеќе: „Автоваз“ го пушти во продажба обновениот џип Lada 4x4

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња