Русија ѝ го испорача на Кина вториот полк ПВО-системи С-400

С-400 „Триумф“

С-400 „Триумф“

AFP
Русија заврши со испораката на Кина на вториот полковски комплет ПВО-системи С-400 „Триумф“. Примопредавањето беше технички потпишано во декември 2019 година.

„Вo Кина пристигна брод со вториот полковски комплет системи С-400 кој се состои од командно возило, два дивизиони ракетни лансери, радар, погонска и помошна опрема, резервни делови и алати“, соопшти за агенцијата ТАСС извор во воено-дипломатските кругови.

Кина доби и муниција за „Триумфите“. Се работи за два вида на најнови наведувани ракети, вкупно 120 проектили. Оружјето и техниката пристигнаа во кинеското пристаниште на неколку бродови. Претходниот транспорт тргна за Кина во јули 2019 година.

„Откако е потпишан актот за примопредавање, на сила е членот на договорот за гарантирано 18-месечно опслужување на испорачаната техника“, истакна наведениот извор.

Кина е првиот странски купувач на „Триумфи“. Договорот за испорака на два комплети системи С-400 беше склучен во 2015 година. По три години, првиот полк ПВО-системи пристигна во Кина. На тестирањето кинеските војници со помош на две ракети на системот „Триумф“ соборија две цели на максимално растојание.

Прочитајте повеќе: Сè што е потребно да знаете за системот С-400 „Триумф“

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња