Првиот модернизиран бомбардер Ту-160М е префрлен на станица за тестирања заради теренски и воздушни тестови, соопшти за РИА „Новости“ претставник на руската воена индустрија.
„На 28 ноември првиот модернизиран стратешки бомбардер Ту-160М е префрлен од производство во станицата за тестирање КАЗ „Горбунов“ заради испитувања на земја и во воздух“, рече соговорникот на агенцијата.
Според него, по тестирањето на земја, Ту-160М ќе премине во фазата на воздушни испитувања.
Претходно беше соопштено дека првиот модернизирани стратешки ракетоносец-бомбардер Ту-160М ќе му биде испорачан на руското Министерство за одбрана до крајот на 2021 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.