Борбен робот „Уран-9“
YoutubeРоботизираниот комплекс „Кунгас“, кој се состои од пункта за управување и четири борбени роботи со различна маса, следната година влегуа во пробна фаза на експлоатација во единиците на руската армија. Ова во понеделникот за весникот „Краснаја Звезда“ го изјави командантот на Копнените сили, генерал на армија Олег Саљуков.
„Оваа година ги завршивме државните тестирања на експерименталниот модел на роботизираниот комплекс кој е развиен во рамките на опитно-конструкторскиот проект „Кунгас“ (комплексот се состои од пункт за управување и четири борбени роботи со различна маса). Наредната година почнуваме со негова проба во единиците на руската армија“, рече генералот Саљуков.
Генералот исто така додаде дека следната година ќе започнат и опитно-конструкторските работи (рус. ОКР) и за развој на генерацијата роботи од тешка и средна класа „Штурм“ и „Соратник“, пренесува интернет-порталот ТАСС.
Рускиот воено-индустриски комплекс интензивно работи на развој на роботизирани борбени системи. Воведувањето на овие средства во воените единици ќе ги смени теоретските и практичните елементи на тактиката кога станува збор за изведување борбени дејствија.
Роботизираниот комплекс „Кунгас“ се состои од неколку платформи со различна намена и тежина. Роботот од лесна класа тежи 12 килограми, товарниот робот тежи 2 тона, вклучувајќи ги борбениот робот „Нерехта“ и роботизираната верзија направена на платформата БТР-МДМ „Ракушка“. Главната карактеристика на овој комплекс е што со целокупниот спектар од овие роботи (4) може да се управува од еден центар.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.