„Снајперската пушка „Драгунов“ (СВД) влезе во вооружувањето на советската армија во далечната 1963 година. Од тој момент па сѐ до денес, таа не претрпе поголеми модификации, бидејќи беше пред своето време благодарение на своите исклучителни тактичко-технички параметри. Меѓутоа, по неколку децении успешна примена, дојде до големи промени во однос на опремата и тактиката на копнените борбени сили во модерната војна. Од снајперската пушка од нова генерација се бараат барања кои СВД повеќе не можеше да ги следи. Затоа е започнат проект за развој на снајперска пушка од новата генерација (СВЧ) која ќе го замени застареното оружје во полн формациски обем“, изјави за веб-порталот РИА „Новости“ Сергеј Уржумец, главниот конструктор на концернот „Калашников“. Притоа тој додаде дека следната година ќе биде одбележана 100-годишнината од раѓањето на Евгениј Фјодорович Драгунов.
Накратко, за основа на конструкцијата на снајперската пушка СВЧ е употребена идејата на славниот конструктор, која е применета при развојот на автоматите со мали димензии.
„Пушката се одликува со многу мек трзај, како да е оружје со помал калибар. Ова му овозможува на стрелецот да дејствува во брз режим на стрелба, каде што по истрелување оружјето останува на линијата на нишанење (благодарение на малиот трзај)“, рече за сајтот „Военное обозрение“ повеќекратниот светски првак света во практично стрелање Всеволод Илин.
СВЧ за прв пат беше претставена на Саемот на оружје „Армија-2017“. Различните верзии на оваа пушка можат да користат стандардна пушчена муниција со калибар 7,62х54, вклучително и муниција од западно потекло со калибри 308 Winchester и .338 LM. Се проценува дека новата руска снајперска пушка може да погоди мета со човечка големина на далечина од 1640 јарди (околу 1500 метри).
Според својот внатрешен механизам, СВЧ е слична на стандардните автоматски пушки AK. Сепак, нејзината надворешност е драматично модернизирана. На неа има современа база за монтирање на разна тактичка опрема како „Пикатини“ шина, решетка за фиксирање на оптички нишан, носач за тактичка батерија, ласерски маркер и придушувач.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче