Боинг П-8 „Посејдон“
ВикипедијаКралското воено воздухопловство го доби патролниот противподморнички авион „Посејдон“ на церемонијата на примопредавање во Сиетл. Првиот од вкупно девет авиони, именуван „Гордоста на Мори“, беше префрлен во базата на морнаричката авијација во Џексонвил (Флорида), каде што се обучуваат пилотите на британското воено воздухопловство.
Во ексклузивно интервју за весникот „Телеграф“, началникот на штабот на военото воздухопловство на Велика Британија Мајк Вигстон изјави: „Овој противбродски и поморски патролен авион од корен ќе ги промени правилата на игра, бидејќи тој може да открива и да ги следи најсовремените подморници во арсеналот на руската воена морнарица. Тие мораат да признаат дека повеќе никаде не можат да се скријат“.
Првиот авион ќе пристигне во базата на кралското воено воздухопловство „Лосимут“ во Мори на почетокот на 2020 година, додека сите девет авиони ќе бидат испорачани до ноември 2021 година. „Посејдон“ носи 129 хидроакустични бови - мали детектори кои се исфрлаат од авион во морето. Тие ги детектираат звучните сигнали на елисите и моторите во водата и потоа ги праќаат до екипажот на авионот. „Посејдон“ е вооружен со противбродски ракети „Харпун“ и торпеда за уништување цели на површината на водата и под водата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче