САД, Велика Британија и Норвешка ќе ловат руски подморници

САД, Велика Британија и Норвешка се договорија за потесна соработка при следењето руски подморници во Северниот Атлантик.

Основен инструмент за ловот на подморници се предвидува да биде извидувачкиот авион „Боинг“ П-8А „Посејдон“ (Boeing P-8A Poseidon). Минатата година и Велика Британија и Норвешка склучија договори за набавка на вакви летала, пренесува УСНИ Њуз.

Во текстот на договорот директно не се зборува за Русија, но командантите на морнариците на земјите од НАТО претходно дадоа до знаење дека се работи за противдејство на „руската закана“ во врска со активирањето на руската подводна флота, истакнува изданието.

Потпишаните договори предвидуваат потесна координација на операциите во Северниот Атлантик и други региони, размена на инфраструктура и заедничко опслужување на техника.

Покрај тоа, документот може да стане основа за посериозни чекори, слични на оние кои претходно беа преземени од САД и Велика Британија, кои се договорија за распоредување на американски извидувачки авиони во Шкотска. Дотолку повеќе што Норвешка нема да ги добие своите авиони до 2022 година, така што најверојатно во оваа скандинавска земја ќе бидат базирани американски П-8A.

Експертите истакнуваат дека на тој начин земјите од НАТО ги обновуваат навиките за соработка од времето на студената војна, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња