Руската армија доби уште еден ракетен полк опремен со ПВО-систем со голем дострел С-400 „Триумф“

Дмитриј Виноградов/Sputnik
Свечената церемонија на примопредавање на ракетниот полк С-400 „Триумф“ се одржа на воениот полигон Капустин Јар во Астрахањската област. Во таа прилика сите елементи ја имаа последната контролна проверка извршена од специјалистите на ВКО „Алмаз-Антеј“. Тоа значеше комплетно префрлање на ракетниот полк од маршовска во борбена позиција и обратно.

Концернот ВКО „Алмаз-Антеј“ му испорача на руското Министерство за одбрана уште еден комплет противвоздушни ракетни системи С-400 „Триумф“. Ова во понеделникот го пренесе информативната служба на концернот, а пренесе интернет-порталот ТАСС.

„Се работи за втор полковски комплет на ракетен систем С-400 „Триумф“ што го доби руското Министерство за одбрана оваа година. Комплетната церемонија на примопредавање се одржа на воениот полигон Капустин Јар во Астрахањската област“, соопшти концернот.

Во согласност со потребите на Министерството за одбрана, сите компоненти што го сочинуваат полковскиот комплет, пред дефинитивното преземање од страна на војската, извршија контролна проверка која вклучуваше откривање и зафаќање реални воздушни цели. Сите елементи на системот во рамките на ракетниот полк притоа успешно го реализираа комплетниот сет на проверки. Притоа беа ангажирани специјалисти на ВКО „Алмаз-Антеј“ кои извршија комплетно префрлање на ракетниот полк од маршовска во борбена позиција и обратно.

 „Во рамките на реализацијата на задачите вклучени во државната програма за набавки, концернот пред крајниот рок му испорача на Министерството за одбрана уште еден полковски комплет ракетни системи С-400 „Триумф“. Овој полк со „400-тки“ ќе биде со проширен состав“, ги пренесува информативната служба на концернот зборовите на генералниот директор Јан Новиков.

Рускиот противвоздушен систем С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите современи и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел е околу 400 км (ракета 40Н6Е), додека во височина дејствува и до 35 км. Формациски, во рамките на еден дивизион најчесто има 2-3 батерии на овој систем, со вкупно 8-12 транспортно-лансирни единици. Значи, еден дивизион во својот состав има 48 ракети подготвени за моментално дејство. Цел ракетен полк хипотетички може да нападне 96 непријателски воздушни цели во оперативен борбен радиус до 400 км.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња