Симната ознаката за тајност од архивските документи за првата атомска бомба во Советскиот Сојуз

Максим Блинов/Sputnik
Руската државна корпорација „Росатом“, меѓу другото, ја објави деквалифицираната наредба на Советот на министри на СССР од јуни 1946 година до Проектното биро бр. 11.

Руската државна корпорација „Росатом“, во пресрет на 75-годишнината на руската атомска индустрија, започна со објавување архивски документи во врска со настанокот на првата советска атомска бомба. Декласифицираните материјали класифицирани кои ја имаа ознаката „строго доверливо“ се објавени на порталот „Историја на Росатом “, пренесува ТАСС.

Објавени се 45 документи (1945-1954). Светлината на денот прва ја здогледа белешката до народниот комесар за внатрешни работи Лаврентиј Берија посветена на локацијата избрана за нова лаборатории и експериментални работилници.

„Росатом“, меѓу другото, го објави и налогот на Советот на министри на СССР од јуни 1946 година упатен до Проектантското биро бр. 11 (КБ-11) за создавање млазен мотор „С“ во две варијанти, со тешко (С-1) и лесно гориво (С -2), односно плутониум и ураниум за оружје. Зад млазниот мотор „С“ се криеше атомската бомба.

На споменатиот портал се објавени и писма и белешки во врска со настанокот на првата советска атомска бомба, список на ангажираните научници, како и графички скици на телото на атомската бомба.

Првото тестирање на советската атомска бомба беше спроведено на 3 септември 1949 година на полигон во Семипалатинската област во Казахстан. Официјална информација за создавањето на новото оружје беше објавена на 8 март 1950 година.

KБ-11 беше главната проектантска организација за создавање на атомска бомба (сега тоа е Рускиот федерален атомски центар - Серуски научноистражувачки институт за експериментална физика во Саров во Нижегородската област). Лабораторијата бр.2 на Академијата на науки на СССР беше научен штаб на советскиот атомски проект (денес Курчатовски институт).

Почетоците на руската атомска индустрија се поврзуваат со 20 август 1945 година, кога советското раководство наложи создавање низа организациски структури потребни за развој на домашната атомска индустрија и реализација на атомскиот проект на СССР.

Прочитајте повеќе: Америка се присетува на тестирањето на советската супербомба

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња