За руските криминолози идентификувањето престапници со маски повеќе не е проблем

imago stock&people/Global Look Press
Идентификувањето на престапник со маска и во облека што ја крие телесната градба на видеоснимка повеќе нема да претставува проблем.

Oва го соопшти Истражниот комитет на Русија на официјалниот канал на ресорот на „Јутјуб“ во програмата од циклусот „Чуда на криминалистиката“. 

Како што се наведува, сторителите, свесни за видеокамерите за надзор во градовите, ги вршат кривичните дела со маски, во ракавици и дебела облека. Меѓутоа, специјалните технологии што ги користат криминолозите на Истражниот комитет овозможуваат идентификација на осомничените со скриени лица.

Програмата врши анализа и ги дава потребните параметри, вклучувајќи ја и висината и телесната градба. Врз основа на ова, вработените во Истражниот комитет можат да го идентификуваат осомничениот и да обезбедат непобитни докази за вмешаност во злосторство.

Истражниот комитет исто така применува технологија на 3Д-модели за нејасни видеозаписи на кои е регистриран осомничениот. На тој начин во Москва беше фатен насилник кој ги напаѓаше жртвите во влезовите на зградите без да се плаши поради нискиот квалитет на снимките од видеоинтерфоните.

Како што претходно беше најавено, до крајот на оваа година во Москва би требало да биде распоредена огромна мрежа на системи за препознавање на лицето која ќе функционира врз основа на градските видеокамери. Во моментов има околу 162 илјади камери, а се инсталирани, меѓу другото, во дворовите, влезовите и на улиците.

Прочитајте повеќе: Русите развија технологија за идентификација на личност според силуетата

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња