Денеска од космодромот Плесецк беше реализирано вежбовно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета „Топол-М“. Аналог на боева глава што ја носи оваа ракета ја погоди зададената точка на полуостровот Камчатка, соопшти информативната служба на руското Министерство за одбрана.
„На 30 септември 2019 година на Државниот експериментален космодром Плесецк, извршено е вежбовно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета на цврсто гориво „Топол-М“ со стационарно базирање (ракетни силоси)“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана што го пренесува интернет-порталот ТАСС.
Основната цел на оваа активност е потврдување на летечко-техничките карактеристики на овој ракетен комплекс. „Поставената целта е успешно постигната, а задачата исполнета во целост. Еквивалентот на боев блок (верна реплика) ја погоди зададената точка што се наоѓаше на полуостровот Камчатка“, се наведува во текстот.
Интерконтиненталната балистичка ракета РС-12М (Топол-М) е проектирана од Московскиот институт за топлотна техника. Максималниот дострел на ракетата е 10500 километри. Стартната маса е 45 тони. Ракетниот систем „Топол“, заедно со својата модернизирана варијанта, ја сочинува основата на руските Ракетни сили за стратешка намена. Се карактеризира со висока отпорност, со оглед на неговите добри маневарски способности, прикриеност на дејство и кратко време на подготовка за лансирање.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче