На снимката од 2 минути направена на полигонот Капустин Јар може да се види вешто и брзо управување со возило МЗКТ-79221 тешко околу 44 тони.
Снимката е направена од квадрокоптер кој едвај успева да го следи движењето на возилото.
Ракетата „Топол-М“ е долга 22 метри и тешка повеќе од 47 тони. Транспортерот и истовремено систем за лансирање на ракетата стои на 16 тркала, 12 од нив му овозможуваат на возилото свртување под агол од 180 степени.
Возилото има 12-цилиндарски мотор со моќност од 800 коњски сили. Развива максимална брзина од 45 км/ч, а резервоарот за гориво е доволен за 500 километри пат. Возилото исто така преминува водени пречки длабоки еден метар.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче