Во Русија направен томограф за откривање микроскопски пукнатини на авион

Lex Rayton / imageBROKER.com/Global Look Press
Физичарите од Томскиот политехнички универзитет (ТПУ) го создадоа првиот мултиконтрастен рендгенски томограф, способен да пронајде микродефекти на сложени објекти и да го реконструира тродимензионалниот распоред на хемиските елементи.

Традиционалната томографија ги прикажува елементите од кои се сoстои предметот на истражувањето, фокусирајќи се на нивната рендгенска густина. Со помош на новиот томограф, благодарение на употребата на честично-брановата природа на рендгенското зрачење, можат подетално да се скенираат објектите со сличен состав и густина.

„Направивме истражувачки томограф со слободна конфигурација, кој ги поврзува традиционалниот метод на рендгенска томографија, скенирањето во темно поле, што овозможува визуелизација на контурите на оптичките различности, фазно-контрастниот метод и спектралната томографија. Последниот метод овозможува да се утврди распоредот на хемиските елементи во објектот на истражувањето врз основа на нивната способност да го апсорбираат рендгенското зрачење. Концептот на томограф дозволува секој томографски експеримент да се прилагоди на различните задачи на индустријата, науката или биомедицината“, рече Алексеј Гоголев, заменик-директор за развој на Истражувачката школа за физика на високоенергетски процеси при ТПУ, пренесува РИА „Новости“.

Тој додаде дека новиот томограф може не само да се детектира кванти на рендгенско зрачење, туку исто така да ги зема предвид промените на фазата, амплитудата, брановата должина и ефектите на интерференција на брановите. Томографи со вакви својства се направија неколку научни колективи во САД, Европа и Јапонија. Досега немаше во Русија.

Научниците продолжуваат да ја развиваат инструментално-програмската база на новиот томограф и да формираат колекција на резултати за да ја подобрат репродуктивноста и точноста на резултатите од истражувањето. Во иднина резултатите од овој проект ќе се користат на уредите од класата мегасаенс (во меѓународни истражувачки комплекси).

Прочитајте повеќе: Во Русија пронајден нов метод за откривање подморници

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња