Русија ѝ понуди на Турција да купи авиони МС-21 и SSJ-100

MIT Russia/Global Look Press
Русија им понуди на турските авиокомпании да набават руски авиони МС-21 и Sukhoi SuperJet 100.

„Имавме состаноци со низа авиокомпании на кои сме подготвени да им ги понудиме МС-21 и Superjet 100. Покрај тоа, Турција, како земја со високо развиена индустрија, може да биде заинтересирана за проекти за заедничко производство“, рече директорот на руската Обединета корпорација за производство на авиони Јуриј Сљусар, пренесува „Интерфакс”.

Русија, исто така, ѝ ги претстави на Турција на авионот-ловец Су-35 и амфибискиот авион Бе-200ЧС во Истанбул.

Во понеделникот, 16 септември, руски патнички авион МС-21 го изведе својот прв меѓународен лет од Жуковски до Истанбул.

На 27 август оваа година претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таџип Ердоган заедно го посетија Меѓународниот аерокосмички саем „МАКС-2019“. Патнички авиони МС-21-300, исто така, беа претставени на саемот. Во рамките на саемот, меѓу другото, беше претставен патничкиот авион МС-21-300.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња