ВИДЕО: Погледнете како изгледа удар на ракета лансирана од системот „Искандер“

Скриншот
Руското Министерство за одбрана објави видео на кое се гледа боево гаѓање со оперативно-тактичкиот ракетен систем од класт „земја-земја“ „Искандер“, изведено на полигонот Капустин Јар под Астрахан.

Во вежбата учествуваа ракеташите на Источниот воен округ на Руската Федерација. Нивната задача беше уништување на цел што имитираше критично важен воен објект на условниот непријател, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесе интернет-порталот РГ. По лансирањето на ракетата, извидувачко беспилотно летало „Орлан-10“ кружеше над целта и успеа да го забележи ударот на ракетата и нејзиното уништување.

Веројатното кружно отстапување од целта, кога станува збор за оперативно-тактичкиот ракетен комплекс „Искандер“, е само пет метри на оддалеченост од 500 км. Покрај „снајперската“ прецизност, една од карактеристиките на системот е исклучително сложената траекторија на ракетата 9M723¹, која е недостапна за постојните системи за противракетна одбрана.

Ракетата маневрира под високо оптоварување, интензивно менувајќи ја својата траекторија со помош на непредвидлив алгоритам. Во најголемиот дел од траекторијата ракетата се наоѓа на висина од 50000 метри, надвор од зоната на ефективното дејство на повеќето противвоздухопловни ракетни системи. Ракетата паѓа кон целта практично вертикално. Во зависност од видот на целта, ракетата може да биде опремена со осум видови боеви глави, вклучително и нуклеарна.

За време на реализацијата на боевото гаѓање ракеташите ги исполнија сите стандарди што се однесуваат на премин од маршевска во боева позиција, и претовар на ракетите од логистичко возило во боева лансирна единица.

¹Квазибалистичката ракета 9М723 се карактеризира со исклучително голема брзина на летање и променлива траекторија, па затоа претставува многу изискуавчка цел која е многу тешко, практично невозможно да се собор со познатите системи за ПРО. Ракетата е способна при брзини поголеми од 7500 км/ч да маневрира во висина и правец (трпи оптоварување и до 30G), при што може да достигне и висина до 100 км. Нејзиниот максимален дострел достигнува цели 500 км, додека на тие растојанија нејзиното максимално отстапување од целта е само 5-7 метри (сателитско наведување).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња