Во текот на брифингот на странските воени аташеа, претставниците на Министерството за одбрана на Руската Федерација претставија лансер на оперативно-тактичкиот ракетен комплекс „Искандер“, способен за носење четири ракети. Во основната верзија ова оружје е опремено со две ракети.
Модифицираната верзија на самоодниот лансер е 17 см подолга и 48,5 см повисока од основната верзија. Контејнерите со ракетите во пар се сместени на специјалните транспортни средства со шини кои се подигаат.
И ракетите им беа покажани на странците – вклучувајќи ја и ракетата 9М729 што ја произведува опитно-конструкторското биро „Новатор“, а поради која САД се закануваат со еднострано повлекување од договорот INF/РСМД. Ракетата е половина метар подолга од претходната верзија затоа што боевата глава има зголемена разорна моќ и подобрен систем за контрола. И старата и новата варијанта на ракетата се унифицирани според најголемиот број компоненти, моторот и резервоарот останаа непроменети.
„Поголеми димензии значат и поголема маса на ракетата, така што како последица максималниот дострел на ракетата 9М729 е намален за 10 километри и сега изнесува 480 км“, изјави началникот на ракетните и артилериски сили на руската војска генерал-полковник Михаил Матвеевски.
Претставниците на САД и НАТО не присуствуваа на брифингот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче