Руските пилоти од акробатската пилотска група „Првиот лет“ со пет авиони „Јак-52“ и „Јак-54“ на аерокосмичкиот саем МАКС-2019 првпат на небото испишаа текст користејќи нова технологија. Ова го соопшти во четвртокот, 29 август, Федерацијата на воздухопловниот спорт на Москва, пренесува ТАСС.
„Пет спортски авиони извршија лет над саемот, исфрлајќи облаци од загреано масло, со кои во воздухот го испишаа називот на изложбата MAKS 2019”, соопштија од Федерацијата на воздухопловниот спорт на Москва.
Како што претходно за ТАСС објасни раководителот на пилотската група Дмитриј Самохвалов, во авионите се наоѓа специјален автоматизиран систем кој го контролира времето и времетраењето на исфрлањето на маслото од секој авион, што овозможува на небото да се „испише“ секој текст како со печатач.
Тој прецизираше дека никој во Русија претходно ја немал оваа технологија. Зборовите кои ќе стојат на небото во системот се вметнуваат на земјата.
Меѓународниот авиокосмички саем МАКС-2019 се одржува од 27.08-01.09 во градот Жуковски, кој се наоѓа недалеку од Москва. Организатори на овој настан се руското Министерство за одбрана и државната корпорација „Ростех“. На саемот ќе учествуваат 827 компании од 33 земји, од кои 184 ќе бидат од странство.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче