Колку знаеме за тајната руска подморница „Лошарик“ во која животите ги загубија 14 руски морнари

Top Gear
Некои податоци за пожарот во руската подморница во Баренцовото Море се државна тајна и нема да бидат објавени, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. „Врховниот командант ги има сите информации, но тие податоци не можат да бидат објавени бидејќи спаѓаат во категоријата на апсолутно тајни податоци и нема да бидат откриени ни во иднина“, нагласи Песков. Сепак, што знаеме за подморницата „Лошарик“?

Подводниот апарат со мали димензии во кој загинаа 14 морнари служеше за истражување и специјални мисии во големите длабочини на Северниот леден океан.

На 1 јули 2019 година во подморницата на нуклеарен погон која не носи оружје изби оган кој ги одзеде животите на 14 морнари. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави денес дека некои членови на екипажот преживеале, но не и колку луѓе се спасени.

Говорејќи денес во базата на морнарицата во Северноморск, Шојгу го пофали екипажот за херојската акција, велејќи дека ги жртвувале своите животи за да спасат цивил. Од труење со гасовите од пожарот настрадаа капетани од прва и втора класа, двајца херои на Русија.

Подморница за длабоководни истражувања и специјални мисии 

Подморницата „Лошарик“ беше спуштена во морето во 2003 година и е единствената руска подморница изградена за истражувачки, спасувачки и специјални воени операции на длабочини од преку 6000 метри. За споредба, просечните воени подморници пловат на длабочина од 100-200 метри, а проектилите ги истрелуваат од длабочина од 50 метри.

„Една од мисиите на „Лошарик“ е да го надгледува континенталниот шеф на Русија, да поставува и да ги проверува подводните телекомуникациски кабли кои пренесуваат податоци за движењата на воените бродови. Но, во последната мисија „Лошарик“ бараше нови извори на нафта и гас на големи морски длабочини“, изјави Russia Beyond воениот аналитичар Дмитриј Сафонов.

Како што вели тој, Русија инвестира во развојот на беспилотни пловила кои можат да работат на огромни длабочини. „Веќе постои техника на атомски погон која функционира автономно на неколку илјади метри под вода, без човечка помош“, вели Сафонов.

„Лошарик“ служеше и за тестирање на други технологии. На пример, екипажот беше обучен за течно подводно дишење, тврди Сафонов.

„Жртви на оваа трагедија се луѓе од елитата на руската воена морнарица. Тие извршуваа мисии од најголемо државна важност. Тоа е вистинска трагедија. Обуката на нови морнари од таков калибар ќе трае со години“, забележува Сафонов.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња