Руски научници направија апарат за брзо зараснување на рани и чирови

Pixabay
Научниците од два универзитети од рускиот главен град - Првиот московски државен универзитет „Сеченов“ и Московскиот државен технички универзитет „Бауман“, успешно тестираа нов апарат кој го забрзува зараснувањето на раните и чировите.

Апаратот е всушност реконструирана модификација на претходно создаден уред „Плазон“ кој работи со помош на нискотемпературна плазма. Ефикасноста на работата на новиот апарат е успешно тестирана врз стаорци. Подоцна е планирано спроведување на клинички испитувања врз луѓе кои ќе го сакаат тоа, што ќе овозможи воведување на апаратот во медицинската пракса и олеснување на животот на многу дијабетичари и пациенти со рани кои тешко зараснуваат и инфекции.

Резултатите од испитувањата се објавени во журналот European Journal of Pharmaceutical Sciences, пренесува „МИР 24“.

Испитувањето покажа дека новиот експериментален апарат кој се разликува од „Плазон“ според температура на азот моноксид, кај раните значително ги намалува воспалителните процеси и ги интензивира регенеративните, се наведува во статијата. „Плазон“ веднаш се покажа како одличен во третманот на хируршките болести како што се гнојните рани на мекото ткиво, изгорениците, дијабетен улкус и други видови рани кои тешко зараснуваат. 

Новиот апарат според ефикасноста ни најмалку не заостанува зад својот претходник „Плазон“, со тоа што го спречува оштетувањето на соседните органи за време на лекувањето на чувствителните ткива.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња