„Нашите колеги биоинженери направија уникатни полимерни честички кои ние, како имунолози, сакавме да ги проучиме од аспект на нивното влијание на имуниот систем. Пред сѐ нас нѐ интересираше инфламаторниот одговор кој е клучен кога се работи за зараснување на раните“, објаснува Марија Друцка, водечки научен соработник на Институтот за молекуларна биологија на Руската академија на науки во Москва.
Човечката кожа спаѓа меѓу ретките органи на нашето тело кои можат да се регенерираат дури и кога ќе се здобија со најтешки повреди. Научниците одамна се обидуваат да сфатат што управува со процесот на регенерација и што предизвикува повремено да се формираат лузни, додека во други случаи доаѓа до потполна замена на ткивото.
Набљудувањето како настануваат лузните, а како мазната кожа, покажа дека обата овие процеси се раководат од различни комбинации на гените, од чие ниво на активност зависи како ќе се развива процесот на регенерација на ткивото. На пример, исклучувањето на генот TNF доведува до забрзано зараснување на раната и формирање на лузна, додека се покажало дека ниската концентрација на белковината на IL-6 е поврзана со бавното зараснување на раните. Како што објаснуваат Друцка и нејзините колеги, вториот процес може да се засили без да се менува структурата на самите гени, со помош на наночестички кои се состојат од различни типови на вештачка свила и други полимери. Тие помагаат на различни типови матични клетки да мигрираат во раната и да формираат нови слоеви на ткивото.
Научниците дошле до овој заклучок набљудувајќи како неколку наночестички од желатин и аналог на пајакова нишка и нишки на свилени буби влијаеле на однесувањето на културата на клетки кожа во епрувета и во длабоки засеци на кожата на глувци. Првично, според имунолозите, тие ги набљудувале овие честички како своевидни „контејнери“ за пренос на други белковини и генетска терапија на местото на повредата, но првите експерименти покажале самите наночестички можат да го забрзаат зараснувањето на раните и да спречат појавување на лузни.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче