Русите направија апликација што открива меланом

Sina Schuldt/dpa/Global Look Press
Невронската мрежа може да препознае рак и пневмонија според фотографија или рендгенска снимка.

Програмерите од Новосибирск научија невронска мрежа да детектира меланом според фотографија (а во иднина и други онколошки болести), како и пневмонија според рендгенска снимка. Со оваа програма јавноста ја запозна еден од нејзините креатори Роман Давидов.

Тој раскажа како заедно со неговите колеги дошле до идејата да создадат програма која би препознавала рак. Тоа било на една секција на „бизнис-акцелераторите“ на иновативните стартап проекти „А:Старт“.

Тимот руски програмери ја направил апликацијата Chek Melanoma која уше сега е на располагање на корисниците на оперативниот систем Android. Младите стручњаци долго време ја составувале базата фотобанката со чија помош програмата ја детектира болеста.

Процесот на дијагностика е едноставен: треба да се регистрирате на сајтот или да ја преземете програмата, а потоа да се најавите и да направите личен кабинет во кој корисникот може да сместува фотографии на сомнителни младежи или рендгенска снимка на белите дробови заради испитување. Авторите на апликацијата препорачуваат да се поставуваат само квалитетни макроснимки направени на растојание од 15 сантиметри со добро изострен фрагмент на кожата кој треба да се провери.

„Програмата веќе работи стабилно и ги дава првите резултати. Имаме дури и статистика - досега се поставени 65-70% точни „дијагнози“. Сега нашата задача е да пронајдеме повеќе фотографии за да составиме уште поголема база на податоци, можеби најголемата на светот“.

Според зборовите на Давид, тој и неговите колеги планираат за една година да соберат над 200000 фотографии на канцер и да ја усовршат невронската мрежа за таа подоцна покрај меланом да може да  препознава и рак на дојка, како и рак на белите дробови во раните фази, со тоа што точноста на прогнозата би изнесувала 80-85%.

Авторот на апликацијата Chek Melanoma истовремено изрази надеж дека во иднина ќе воспостави соработка со државните институции заради понатамошна соработка и заеднички развој.

„Ако државата ни излезе во пресрет и ни овозможи пристап до податоците поврзани со кожни болести и рендгенските снимки (се разбира, со гарантирана заштита на личните податоци), ние ќе ја научиме невронската мрежа да биде уште поефикасна и ќе го развиваме тој правец со заеднички сили. <...> Нам заработктаа не ни е на прво место кога станува збор за оваа апликација. Неодамна сфатив дека ми останале околу 1500-2000 недели живот и би сакал за тоа време да направам некое добро дело“, истакна тој.

Програмерите истакнуваат дека програмата не е наменета за самодијагностика и самостојно лекување во домашни услови. По резултатите добиени со помош на апликацијата треба директно да се обратите до квалификувани лекари.

Прочитајте повеќе: Руска компанија направи еквивалент на најскапиот лек на светот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња