Компанијата „Инфотекс“ и Центарот за квантни технологии на МГУ претставија телефон со квантно шифрирање кој не може да се прислушува.
Шифрирањето се врши на тој начин што разговорот е недостапен за прислушување.
Цената на уредот кој подразбира два фиксни IP телефони и еден сервер изнесува триесет милиона рубли (околу 400 илјади евра).
Телефонот работи на растојание до 20 километри. Како што се планира, неговото сериско производство ќе почне до крајот на оваа година. Уредот ќе им биде понуден за тестирање на потенцијалните нарачатели, крупните компании како што е, на пример, „Сбербанк“, пренесуваат руските медиуми.
Во овој изум се вложени 700 милиони рубли, од кои 140 милиони се субвенции на Министерството за образование и наука.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче