Во Русија почна продажба на телефони кои не можат да се прислушуваат

Global Look Press

Телефони со криптозаштита „Круиз-К“ кои не можат да се хакираат ниту прислушуваат почнаа да се продаваат во Русија по цена од 85 илјади рубли (малку повеќе од илјада евра), соопшти службата за односи со јавноста на државната корпорација „Ростех“.

„Телефоните ги произведува и испорачува нашиот концерн „Автоматика“, можат да се порачаат, а рокот за испорака зависи од партијата. Приватните лица нема да можат да го купат, додека правните лица ќе можат да го набават телефонот во количина од еден примерок и повеќе“, велат од прес-службата.

Како што објаснуваат од „Ростех“, на уредот е инсталиран оперативен систем во реално време од сопствено производство, максимално подреден на информационата безбедност.

„Не сме во можност да ги откриваме техничките карактеристики затоа што се работи за доверливи информации. Благодарение на применетите технички решенија и ноу-хау програмерите на концернот „Автоматика“, невозможно е да се хакира и прислушува апаратот“, порачуваат од „Ростех“.

Како што се нагласува, сопственикот на ваков телефон воопшто не треба да се грижи за повиците упатени како во компанијата, така и надвор од неа, доколку примачот има ист таков апарат за IP-телефонија. Можниот број на апарати во една IP-мрежи достигнува до илјада.

„Круиз-К“ има сертификат на ФСБ на Русија кој се однесува на криптозаштитата.

Телефонот беше претставен во мај минатата година во Подмосковје, на форумот „Ден на напредните технологии за вооружените органи“, каде можеше да се слушне дека ќе им се овозможи на компаниите да ги сочуваат деловните тајни. Тежок е 1,3 килограми, а рокот на употреба изнесува најмалку седум години. Како што беше соопштено претходно, за апаратот се заинтересирани како органите на власта и безбедносните органи, тако и комерцијални организации. Од „Ростех“ минатото лето најавија дека планираат да потпишат со Министерството за одбрана на РФ договор за испорака на неколку илјади заштитени лаптопи за работа во екстремни услови. Според информациите на фабриката за производство на апарати „Сигнал“, цената за едно парче ќе изнесува 356 илјади рубли, пренесуваат руските медиуми.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња