Во Русија влегува во производство уред кој автоматски пренесува устен говор во пишан текст

Скриншот

Производството на уредите кои автоматски ќе префрлуваат устен говор во пишан текст, воспоставувајќи на тој начин комуникација меѓу луѓето со оштетен слух и оние кои го немаат тој проблем, ќе почне, како што беше најавено, на крајот на јуни. Во овој момент во тек се тестирања на уредите во една од големите руски банки. Нивно инсталирање е планирано во јавните услужни институции, повеќенаменските центри и продавниците на мобилните оператори, рече Денис Кулешов, првиот човек на компанијата која се занимава со развој на овие уреди - Лабораторијата „Сенсор-тех”пренесува агенцијата ТАСС.

Вториот, по „паметниот бастун“ производ кој го пласираме врз основа на грантот на Националната технолошка иницијатива и со поддршка на Фондот „Со-единение е уредот „Чарли”, наменет за воспоставување комуникација меѓу луѓето со оштетен слух и оние кои го немаат тој проблем. Направата во вид на диск со пречник од околу 12 см е наменета за префрлање на устен говор во пишан текст. Се поставува н маса и кога, да речеме, вработен во Повеќенаменскиот центар кажува нешто, на „Чарли” можат да се приклучат монитор, таблет или Брајов дисплеј и така да се види текстот, рече Кулешов.

Над овој проект Лабораторијата „Сенсор-тех” работи заедно со групата компании ЦРТ. „Тие се даватели на услугите за префрлување на говор во титлови, а ние го произведуваме уредот кој го лови говорот и обезбедува појавување на текстот на разни извори“, рече тој, најавувајќи го сериското производство на „Чарли“ за крајот на јуни.

Целиот процес на производство на уредот „Чарли“ ќе се одвива во Русија. Во овој момент во тек се тестирања на гаџетот во Домот за слепи и глуви лица во селото Пучково во Троицкиот административен округ на рускиот главен град, а подготовки за поставување на пилот уреди се вршат во една од најголемите руски банки и еден домашен оператор на мобилна телефонија. Покрај тоа, бидејќи производот не е наменет само за приватното претприемништво, ќе настојуваме да изведеме инсталација и во установите за социјална заштита. Испораката на уредите купени во претпродажба ќе биде реализирана, исто така, во јуни, рече соговорникот на агенцијата.

Големите компании и организации се заинтересирани за овој уред за да воспостават комуникација со луѓето со инвалидитет и за да покажат општествена одговорност во работењето.

Националната технолошка иницијатива претставува програм мерки насочени кон формирање суштински нови пазари и создавање услови за глобално технолошко лидерство на Русија до 2035. година. Воспоставен е врз основ на посланието на Владимир Путин до Федералното собрание на Русија во 2014 година. „Невронет“ е една од предвидените фази на развој.

Прочитајте повеќе: Русија сериски произведува систем за управување со гаџети со моќта на мислите

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња