Новитети: Руските падобранци на 9. мај ќе го прикажат „стелтното“ десантно возило Lada 4x4

Лада 4х4
На големата воена парада по повод Денот на Победата ќе биде прикажан новиот лесен повеќенаменски теренец Lada 4x4. Воениот автомобил е наоружан со тежок митралез „Корд“ со кал. 12,7 мм. Се планира со овој модел на автотехника да се опремат воздушно-десантните единици на руската армија (ВДВ).

Како што пренесува интернет-порталот ТАСС, пикапот Lada 4x4 е веќе испробан во рамките на воздушно-десантните единици за време на стратешката воена вежба „Восток-2018“, која мината година се беше реализирана на рускиот Далечен Исток. Притоа возилото покажа сосем коректни тактичко-технички можности кои од страна на персоналот на ВДВ беа оценети како многу употребливи.

Воените експерти не ја исклучуваат можноста за проширување на пакетот вооружување на овие возила. Така сериозно се разгледува можноста покрај тешкиот митралез „Корд“ да видиме и автоматски фрлач на гранати АГС-30 „Пламја“ или дури и противтенковски наведувани ракети „Корнет“, пренесува интернет-порталот РГ.

Потсетуваме дека се работи за експериментален модел на „невидлив“ воен теренец конструиран врз база на возилото ВАЗ-21213 „Нива“. Тој првпат ѝ беше претставен на јавноста на меѓународниот воено-технички саем „Армија-2017“. Возилото доби и прекар – „Сержант“.

Зошто за ова возило се вели дека е „невидливо“?

Статусот на „невидливо“ воено возило е добиен поради причини што автомобилот Lada 4x4 е направен од композитни материјали. Овие материјали обезбедуваат намалена рефлексија на топлотно зрачење кое го детектираат термовизиските оптоелектронски уреди на непријателот. Покрај тоа, десантното теренско возило „Сержант“ поседува способност да се самоизгаси при евентуален пожар, отпорно е на хемиски напад и ултравиолетово зрачење, како и на многу ниски температури. Имено, на неговата каросерија не доаѓа до формирање на мраз.

Прочитајте повеќе: Најтешкиот транспортeн хеликоптер на светот Ми-26 Т2В подготвен за руската армија (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња