Во Русија пристигаат 100 кинески специјалисти кои ќе поминат обука на системите С-400 „Триумф“

Слободан Ѓукиќ
Припадниците на Народно-ослободителната војска на Кина ќе поминат сложена програма за обука во школските центри на руската армија.

Околу 100 кинески војници-специјалисти во периодот март-јуни ќе пристигнат во Русија, каде ќе поминат обука за експлоатација и боева примена на руските ПВО-системи со голем дострел С-400 „Триумф“. Овие војници ќе опслужуваат уште еден ракетен полк опремен со овие средства, кој според планот ќе биде испорачан до крајот на ова година на НР Кина, пренесува рускиот интернет-портал ТАСС повикувајќи се на воено-дипломатски извор.

„Околу 100 припадници на Народно-ослободителната војска на Кина од март до јуни ќе поминат обука во школски центар на руската армија каде ќе се реализира обука во експлоатација и боева примена на вториот полковски комплет системи С-400, кој ќе ѝ биде испорачан на НР Кина во втората половина на годината“, рече соговорникот на рускиот интернет-портал. Од Федералната служба за воено-техничка соработка не ги коментираа информациите до кои дојде ТАСС.

Народна Република Кина е првиот странски руски воени партнер кој ги купи овие системи. Договорот за набавка на два полковски комплети ракетни системи С-400 беше потпишан 2015 година. Три години подоцна беше комплетиран првиот ракетен полк и испорачан во оваа земја. Договорот опфаќа и изградба на руски ремонтен центар на територијата на НР Кина кој ќе ги сервисира и одржува ракетните системи С-400, но и други типови на руска борбена техника која се наоѓа во состав на кинеската армија.

Неодамна своја успешна проверка имаа системите С-400 испорачани на НР Кина. Кинескиот противвоздушен дивизион опремен со системи С-400 „Триумф“ успешно тестираше ракета со голем дострел 48Н6-Е. Во услови на интензивни електронски пречки, ракетата ја погоди балистичката цел која се движеше со брзинa од 3000 м/сек. на далечина од 250 км. Притоа вежба беше оценета со висока оцена.

Рускиот противвоздушен систем С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите современи и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел е околу 400 км (ракета 40Н6Е), додека во висина дејствува и до 35 км.

Прочитајте повеќе: Кинезите првпат го прикажаа својот С-400

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња