Клуб-К Контејнерски комплекс за ракетно оружје
АД Концерн „Моринфорсистема-Агат“Руското Министерство за одбрана на почетокот на февруари годинава откри облик на нов рачен ракетен фрлач кој претставува хибрид помеѓу оружје кое дејствува со стандардни противоклопни ракети како што е на пример семејството на фрлачи РПГ своите бројни варијанти, и таканаречениот огнофрлачки реактивен лансер кој испукува ракети од термобарични и запалливи „напалм“ боеви глави.
Работата на ова оружје се наоѓа под шифрата „тајно“, меѓутоа Интернет-порталот Russia Beyond-Македонија успеа да дознае определени информации и за хибридниот рачен ракетен фрлач „смес“ (мак. „Смеса/Мешавина“).
Надворешниот облик на новиот рачен ракетен фрлач со хибридни карактеристики „Смес“
Главна ракетно-артилериска управа на Министерството за одбрана на РФЗа време на развојот на новиот ракетен фрлач-хибрид „Смес“ користени се воените искуства кои се собрани од различни локални и регионални конфликти ширум светот. Конструкторите особено ги применија руските борбени искуства од Сирија, но и искуствата од „тајните “ операции кои специјалните единици на најјаките војски на светот ги применуваа во најоддалечените краишта на нашата планета.
„Се претпоставува дека новиот рачен ракетен фрлач 'Смес' ќе работи според истиот принцип како и ракетниот огнен фрлач РПО „Шмељ“ кој се наоѓа во вооружувањето на руската армија. Ова оружје претставува своевиден „распрскувач“ на аеросолни високозапалливи супстанци. Во фрлачот се наоѓа ракета која по лансирањето детонира, создавајќи голема експлозија која го уништува објектот кој е цел“, вели за Russia Beyond-Македонија поранешниот воен аналитичар на весникот „Известија“ Дмитриј Софронов.
Според неговите зборови, новиот тип рачен фрлач ќе се применува на дистанци до 30 метри во ситуација кога треба да се ликвидира отпорот на група непријателски војници кои, на пример, се забарикадирани во утврден објект и слично.
Според мислењето на воениот експерт, со развојот на ваквата концепција на оружјето за фрлање оган се отстранети проблемите кои за време на својата експлоатација ги имаа постарите модели на ова специфично оружје.
„Уште од времето на Првата светска војна, огненофрлачките системи беа еден од најопасните видови огнено оружје. Тоа не се однесуваше на непријателот по кој овие средства дејствуваа, ами и на безбедноста на војниците кои го употребуваа. Резервоарот со високозапаллива смеса која обично се носи на плеќите беше мошне чувствителен на непријателското дејство. Беше доволен само еден куршум (или гелер) да го погоди резервоарот и да дојде до негова експлозија. Кај новото оружје овој проблем е решен во целина“, вели експертот.
Уште еден невообичаен проект на рускиот воено-индустриски комплекс претставува „камуфлажниот блок“ за крстосувачки ракети „Калибр“ и други видови руски офанзивни ракети со поморско базирање.
Тука станува збор за „Рускиот комплекс Клуб-К“ кој е предвиден за борба против површинските бродови и цели на копното. Основна карактеристика на овој комплекс е ракетите да бидат замаскирани на цивилни транспортни бродови, како што се на пример танкерите кои превезуваат товар на големи дистанци.
Камуфлажни опции кај системот Клуб-К вооружен со крстосувачки ракети 3М-14Э и 3М-54Э во стандарден интермодален контејнер со должина од 40 стапки.
Виталиј В. КузминТреба да се спомене дека станува збор за концепт на маскирање оружје. Во овој момент ниту еден руски танкер на својата палуба не носи контејнери во кои се скриени ракетите „Калибр“.
Основата на проектот ја сочинува универзалниот лансирен модул со ракети за поморско базирање. Во овој случај ракетата не е сместена во лансирниот магацин кој традиционално се наоѓа во трупот на бродот, ами е спакуван во интермодални контејнери со должина од 20 или од 40 стапки. На еден брод можат да бидат поставени и до четири вакви контејнери. Во стандардна конфигурација еден контејнер може да носи до четири лансери со ракети „Калибр“ (вкупно 16 ракети на еден брод). Притоа целиот комплекс е интегриран со системот за радиоелектронско извидување кој во реално време ги открива, ги пеленгира и ги пресметува координатите на непријателскиот објект-цел.
Клуб-К може да функционира во содејство со други радиоелектронски системи, вклучувајќи ја и поддршката од воздух и од космос („летечкиот“ радар и извидувачкиот сателит).
Карактеристиките на овој систем зависат од типот на ракетата која може да се најде во ваквите специјализирани контејнер (напомнуваме дека станува збор за универзални лансери). Доколку тие се опремени со ракети „Калибр“, тогаш дистанцата на ефикасна употреба на овој систем може да достигне оддалеченост и до 2.500 километри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче