ЈАК-130 го освојува светскиот пазар: И Лаос ги набави овие школско-борбени авиони (ВИДЕО)

Wikipedia
Според воените експерти Јак-130 сигурно претставува најдобар школско-борбен авион на светот кога ќе се погледне односот меѓу цената и квалитетот. Благодарение на технички исклучително заситениот кокпит, како и на маневарските карактеристики, на овој авион можат да се обучуваат пилоти кои се подготвуваат да летаат со борбени летала од 4+, 4++ и 5 генерација.

Леталото во својот „тефтер“ веќе запиша девет светски рекорди, а судејќи според сѐ, ќе оствари уште еден. Јак-130 има сериозен потенцијал да стане еден од најпродаваните производи на руската воздухопловна индустрија, наведува рускиот ТВ-портал „Ѕвезда“.

Веќе пет држави го поседуваат овој авион (Алжир, Бангладеш, Либија, Белорусија и Мјанмар), а шестата држава по ред од неодамна е и Лаос. Овој авион учествуваше во воената парада која беше организирана во главниот град на Лаос - Вијентијан.

Покрај овој авион, на парадата беше прикажана и новата оклопна борбена техника која исто така неодамна беше набавена од Русија. Тоа се однесува на основните борбени тенкови Т-72Б1 и оклопните извидувачки автомобили на тркала БРДМ-2М.

Јак-130 (Нато „Mitten“ - мак.„Ракавица“) е авион со два члена на екипажот, наменет за школување и обука на пилоти. Секундарна намена му се борбени задачи. Има посебни можности за борбена обука, со преземање на карактеристиките на летот на конкретни борбени авиони, со што се намалуваат вкупните трошоци за школување на пилотите. За таа потреба, овие авиони се надградуваат софтверски за да се создаде во целост кај пилотите-ученици впечаток дека летаат со авион од генерацијата 4+/4++, па дури и од 5 генерација, како што е „Сухој“ Су-57. Авионот е така конципиран што многу квалитетно ја опфаќа обуката на младиот пилот во сите сегменти на летањето како што се: полетување и слетување, навигација, изведување сложени маневри, развивање на вештина на управување во екстремни услови на летање, постапки во случај на пропуст или грешка на пилотот, тактички дејства при изведување на различни модалитети на борбени мисии, употреба на системи на оружје и цел спектар останати дејствија специфични за авионите од  4 и 5 генерација.

Покрај блокот кој е наменет за обука на пилоти, овој авион може да врши и борбени мисии кои главно се состојат од задачи за непосредна огнена поддршка на копнените трупи на земја, и особено за задачи за извидување, носејќи борбен товар до 3000 кг.

Развојот на овој авион почна 1991 година, а првиот лет беше реализиран на 26 април 1996 година. Победи на конкурсот во 2005 година за авион за обука на руското Воено воздухопловство, а првите негови примероци се воведени во оперативна употреба 2009 година. Руското Воено воздухопловство располага со повеќе од 130 вакви апарати. Се планира производство на 250 единици за потребите на руското Воено воздухопловство, а на светскиот пазар вкупната побарувачка за авионот Јак-130 е околу 2500 единици, со тенденција за понатамошен раст по ваквите резултати. За еден Јак-130 треба да се издвојат 15 милиони долари, што во однос на западната конкуренција е значително поповолна цена. Имено, за еден авион, како што е, на пример, британскиот BAE Systems Hawk T2, можат да се купат дури два Јак-а, а како што гледаме, рускиот авион во параметрите на летање е значително подобар од својот соперник.

Прочитајте повеќе: Јак-130: летачки Ајфон

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња