Владата на Москва планира да набави за полицијата суперочила со функција за препознавање на лица. Одделението за информациски технологии при канцеларијата на градоначалникот во моментов тестира вакви очила. Првата верзија на новиот уред ќе биде претставена есента 2019 година, пренесуваат руските медиуми.
Технологијата за препознавање на лица сега е поврзана со системот за видеонадзор во Москва: 1500 камери се споени со базите на податоци на барани лица, а бројот на камери со текот на времето ќе се зголемува. Системот за препознавање на лица исто така функционира во метрото.
Во влезовите и дворовите на московските станбени згради во моментов се инсталираат 120 илјади камери. Благодарение на
видеонадзорот за време на Светското првенство во фудбал 2018 година полицијата откри стотици престапи. Информациите од градските камери ги обработува оперативно-аналитичката група на криминалистичкото одделение, која брзо го утврди идентитетот на човекот кој среде бел ден го изнесе уметничкото дело на Архип Куинџи од Третјаковската галерија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче