Стручњаците ја проверија функционалноста на сите системи на хеликоптерот на температура пониска од -45 степени Целзиусови.
Тестирањето е извршено во базата на аеродромот Мирни и на полигонот Накин. Хеликоптерот Ми-38 изведе 57 летови, а покрај тоа, на земја се извршени 18 тестови на моторот.
Повеќенаменскиот хеликоптер Ми-38 може да се користи за превоз на товар и патници, за операции за потрага и спасување, како и за потреби за итна помош. Направени се неколку варијанти на овој модел, вклучувајќи и помошен воен и товарен хеликоптер, како и патнички, кој може да прими 32 патника.
Казањската фабрика за хеликоптери почна со сериско производство на Ми-38 во јануари 2018 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче