Сликата е симболична
Global Look PressЕвропските земји ќе земат учество во руските истражувачки проекти на Месечината, соопшти за РИА „Новости“ Анатолиј Петрукович, директор на Институтот за космички истражувања при Руската академија на науки и член-кореспондент на Академијата.
„Не се работи само за учество на Европската вселенска агенција (ESA), туку и за развој на уреди на кои работат националните вселенски агенции на европските земји“, рече Петрукович.
Според зборовите на овој научник, европските држави ќе направат и ќе ѝ испорачаат на Русија околу десет научно-технолошки уреди кои ќе бидат монтирани на три руски лунарни возила: две станици-лендери под ознаките „Луна 25“ и „Луна 27“ и орбиталната конструкција „Луна 26“.
„Во моментов „Роскосмос“ и ESA преговараат за договорот за лунарна соработка. Во него ќе биде прецизирано каква улога ќе има ESA во наведените проекти“, рече тој.
Претходно директорот на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин на ТВ-каналот „Русија 24“ соопшти дека лансирањата на уредите „Луна 26“ и „Луна 27“ се одлагаат за 2023 и 2024 година. Пред тоа беше соопштено и дека лансирањето на првата руска лунарна станица во изминатите повеќе од 40 години под називот „Луна 25“ се одлага од 2019 за 2021 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче