Ексклузивни фотографии од пикапот „Сталкер“: Произведен врз база на „Нива“ во само еден примерок

Се појавија фотографии на пикапот „Сталкер“, произведен во само еден примерок врз база на легендарниот теренец „Лада 4x4“. Снимени се на паркингот на претпријатието ВИС-Авто, фирмата-ќерка на АвтоВАЗ во Толјати.

Теренецот Апал-2154 „Сталкер“ го развива ВИС-Авто, а автомобилот во каросерија на пикап, со огромни гуми со низок притисок и импресивен клиренс е „фатен“ на паркингот на споменатата фирма. Наведениот примерок дефинитивно никогаш нема да влезе во производство и нема комерцијална иднина, но затоа пак ќе се произведува првата верзија на „Сталкер“ со три врати и обични тркала од „Нива“ и затворена каросерија, пишуваат руските медиуми.

Должината на ова возило е 3550 мм, ширината 1646 мм, висината 1751 мм, додека под хаубата се наоѓаше мотор со запремнина од 1,7 литри кој ги задоволува „Еуро 5“ стандардите, заедно со петбрзински автоматски менувач. Моделот беше премиерно претставен 2003 година и досега имаше неколку обиди да се почне негово сериско производство.  

ВИС-Авто произведе мала експериментална серија од овие возила, во која еден од примероците беше склопен врз база на „Рено Дастер“, верзија планирана за продажба во Европската Унија, а партнер беше компанијата „Апал“ која ги изработува пластичните елементи за екстериерот. Возилото можеше да се нарача со електрични прилагодливи надворешни ретровизори, клима и панорамски отвор на покривот. Инженерите продолжуваат да работат на овој модел, а во моментов е актуелно прашањето на бојата на пластичните елементи на каросеријата на прототипот, додека можноста за сериско производство ќе се разгледува согласно ситуацијата на пазарот.

Компанијата „Апал“ планира производство на мала серија од 150 примероци годишно во погоните на ВИС-Авто. Новото транспортно средство доби сертификат уште пред две години, според кое може да се продава на пазарите на Транспортната унија, во Русија, Белорусија, Ерменија, Казахстан и Киргизија. „Сталкер“ е сертифициран за погон на сите четири тркала „Лада 4x4“ и 1,7-литарски мотор кој ги задоволува „Еуро 5“ стандардите.

Прочитајте повеќе: Откачени автомобили на руски начин

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња