Боевото гаѓање од тешкиот атомски ракетен крстосувач „Петар Велики“ кое се состоеше од лансирање на ракета-торпедо од комплексот „Водопад“ во водите на Баренцовото море го импресионираше американскиот воен аналитичар Џозеф Тревитик кој работи како новинар за интернет порталот „Драјв“ (The Drive). Тој наведува дека ова, според својата функција единствено, оружје е примено во вооружувањето уште 1981 година и дека е наменето за борба против современи подморници.
Новинарот врз основа на видеозаписот објавен од руското Министерство за одбрана заклучува дека во текот на маневрите во Баренцовото море се употребени ракети-торпеда РПК-6.
„За разлика од стандардниот ракетен систем, компримираниот воздух првин ја потиснува ракетата-торпедо од торпедната цевка, каде таа потоа се оддалечува од бродот така што се движи под водената површина. Во еден момент се пали ракетниот мотор и ракетата изнурнува од водата и како класична ракета полетува во воздух и се упатува кон зададената цел“, пишува авторот. Кога ќе дојде во реонот на целта, ракетата-торпедо повторно понира во водата и ја уништува својата цел како класично торпедо. Боевата глава на ракетата-торпедо може да биде опремена со нуклеарно полнење или малогабаритно електрично торпедоУМГТ-1 со калибар 400 мм. Овие торпеда можат да поминат под вода 8000 метри, да достигнат длабочина од 500 метри и притоа да остварат брзина од 41 јазол.
Ракетата-торпедо поседува инерцијален навигациски систем за наведување. Тревитик исто така напоменува дека ракетата-торпедо РПК-6 може да се лансира практично од сите надводни пловила кои се вооружени со торпедни апарати со калибар 533 мм. Нејзиниот ефективен дострел е проценет на 50 км.
„Ова во секој случат обезбедува значително зголемување на огнената моќ без комплицирано распоредување на вертикални лансирни контејнери на палубата на бродот“, вели на крај воениот експерт.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче