Видео: Дали АК-47 ќе го издржи тестот во мочуриште, во песок и кал на полигон?

Скриншот

Познатата автоматска јуришна пушка АК-47 не само што е (со речиси 200 милиони произведени примероци во сите варијанти) најраспространета на светот, туку е и меѓу најотпорните. Затоа водителот на емисијата „Жешко олово“ (Hot Lead) Николај Литовкин одлучи да ја демонстрира познатата жилавост на „Калашников“ и тоа со примена на низа тестови според американски стандарди.

На почетокот на емисијата Ник го фрли „Калашниковот“ во мочуриште и го остави таму одредено време. Штом го извади, испука три куршума и покажа дека пушката и понатаму функционира одлично, иако цевката беше длабоко забиена во кал.

Потоа во механизмот на „Калашниковот“ рачно беше уфрлено малку кал. Тоа првин го заглави автоматот, но само по две-три секунди повлекување на рачката на затворачот „Калашников“ проработе.

Автоматот потоа беше затрупан со песок. Меѓутоа, ни тоа не ја наруши сигурноста на жилавата конструкција на „Калашниковот“ од кој веднаш по ископувањето беа испукани три куршуми.

Но, сето тоа не е ништо во споредба со финалната фаза на експериментот. Во неа „Калашников“ беше заврзан за задниот дел на теренски џип и возен по каллив полигон, удирајќи се притоа во секој камен на кој наиде. По овој третман, автоматот повторно делуваше заглавено. Меѓутоа, сѐ што беше потребно за да проработи повторно беше потопувањето во блиската бара.

Крајниот резултат на тестот е само уште една потврда на легендарната сила и сигурноста на „Калашников“.

Ајде да провериме како челична врата поднесува руски и НАТО куршуми (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња