Руските производители на ловечко оружје ги претставија пушките со ветениот калибар 9.6x53мм. Lancast

Molot Oruzhie
Серијата пушки што се претставени на последниот саем на вооружување и ловечка опрема го користи новиот тип муниција со калибар 9.6x53мм Lancaster кој би можел да стане и стандарден калибар во единиците на руската армија.

Руските инженери креираа цивилна верзија на пушката која користи муниција врз база на воениот куршум на снајперската пушка „Драгунов“, а која претставува основно оружје кога станува збор за снајперското оружје во рамките на руската армија. Таа користи куршум со калибар 9.6x53мм. Новиот куршум со калибар 9.6x53mm Lancaster е прикажан на големиот саем 2018 Arms & Hunting кој на почетокот од октомври се одржа во Москва.

Пушката која користи нова муниција е демонстрирана на штандот на рускиот концерн кој е специјализиран за производство на спортско и ловечко оружје „Молот-Оружие“. Инаку, оваа руска компанија не може да ги извезува своите производи на американскиот пазар зашто се наоѓа на списокот на руски претпријатија на кои САД им воведоа санкции. Нејзиниот пласман е главно наменет за домашниот пазар.

Според информациите што ги претстави производителот, неговата нова пушка и соодветната муниција сè уште се испитуваат на пазарот на оружје со права цевка. Ефективниот дострел на оваа пушка со цивилен куршум е двојно помал одошто кај воениот аналог. Доколку пласманот на новиот куршум одлично мине на цивилниот пазар, постои голема веројатност дека нејзиниот производител би можел да потпише договор вреден неколку милиони американски долари кој би подразбирал развој на воена муниција врз база на овој куршум, кој последично би опфаќал и испорака на муниција за пиштолите и муниција што ја користат припадниците на специјалните единици.

Еден од производите на овој концерн е пушката која ја носи ознаката ВПО-223 која користи завртно-чепен затворач и чие куќиште е направено од алуминиум. Покрај својата компактност и одличната ергономија, оваа пушка се карактеризира и со силен редуктор на тресењето кој овозможува одлична група на погодоци на оддалеченост од 100 метри. Благодарение на големиот број дополнителни функции секој стрелец може да ја прилагоди на своите потреби. Телескопскиот кундак мошне лесно се поместува по должина и може да биде заменет. Истото важи и за дршката и за нишанот.

Калашоиди

Автоматската пушка Ак-47 во сите свои варијанти е сè уште најмасовното оружје кое не е присутно само во единиците на руската армија, ами и кај љубителите на цивилното вооружување ширум светот. Оваа автоматска пушка е произведена во Русија и е неколку пати поевтина во однос на оружјето кое се произведува во странство.

Но, во Русија не е лесно да се добијат сите потребни дозволи за набавка на „паравоена“ верзија на оваа пушка, па конструкторите за вооружување се сетија да конструираат 366 ТСМ за цивилна верзија. Фанатичните љубители на стрелечкото оружје на овој вид вооружување му го дадоа прекарот „Калашоиди“.

Карабините кои се базирани на Калашоид-муниција беа исто така прикажани на Саемот за вооружување и лов кој беше одржан во Москва.

Клучниот елемент во развојот на оваа муниција е нејзиниот дизајн кој според своите балистички карактеристики се приближува на муницијата која ја користат стандардните пушки. Според производителот употребата на овој куршум е перфектно решение за лов чија тежина достигнува 200 килограми и кој се наоѓа на оддалеченост од 150 до 200 метри од стрелецот, но и за практично стрелаштво.

Моделот на ловечка карабина ВПО-213 е еден од примерите на новите Калашоиди. Станува збор за оружје со рамна цевка со калибар 366 ТСМ на кој се наоѓаат пикантиеви шини со интегриран диоптер за комфорна стрелба на цели кои се оддалечени до 100 метри.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња