„Системот за препознавање „свој-туѓ“ кој е дел од специјалниот воен авион И-20, а каков што беше соборен од страна на сириската противвоздухопловна одбрана, највероватно не можел ефективно да работи поради големата близина на израелските воени авиони“ – изјави за медиумскиот портал „Интерфакс“ еден од водечките руски експерт од областа на противвоздухопловна одбрана (ПВО), генералот Ајтеч Бижев.
„Доколку борбените авиони на ВВ на Израел во текот на својата борбена операција изводувале агресивни маневри во непосредна близина на нашиот авион Ил-20, сирискиата ПВО ги регистрирала израелските летала како „туѓи“ вклучувајќи го тука и нашиот авион. За единиците на сириската ПВО оваа активност е протолкувана како нарушување на воздушниот простор на Сирија и тие едноставно имале полно право да отворат оган кон овие летала “- вели генералот.
„Технички гледано, ракетните ПА системи се така конципирани што боевата радарска глава за самонаведување го следи сигналот со најголема радарска рефлексија. Кога станува збор за Ил-20, неговата одбивна површина е далеку поголема од одбивните површини на израелските ловци. Едноставно, испуканата ракета се фиксирала на посилниот сигнал и отишла кон нашиот авион“- констатира експертот.
Во својата професионална кариера генералот Бижев ги има извршувано должностите началник на Главниот штаб на војските за ПВО, потоа прв заменик на Главниот штаб на ВВ на Руската Федерација и заменика главен командант на ВВ на РФ по прашањата за Обединетиот систем за ПВО на ЗНД.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче