Руски пилот: Тактиката на израелските пилоти може да се спореди со онаа "змиите-отровници"

Слободан Ѓукиќ
Заслужниот воен пилот 1-класа и активен учесник во воени операции генерал-мајор Владимир Попов, ги оквалификува дејствата на израелската авијација во Сирија како класична провокација. Тој напоменува, дека самата појава израелската ловечко-бомбардерска авијација во реонот кадешто се наоѓа руската воздухопловна база, како и воено-поморската база Тартус, само по себе е „многу провокативно“

„Замислете ја големината на израелските ловци F-16 во однос на Ил-20, дури и ако се земе предвид дека на тоа место биле присутни четири израелски авиони. Селекцијата на цели по параметарот брзина би била различна“- истакна за интернет порталот Взгљад генералот Попов, појаснувајќи дека во дадената ситуација рускиот авион никако не можел да ја избегне сириската ракета која е лансирана од земја.

Рускиот генерал воопшто не го изненадува тоа што овој инцидент се случи и покрај постигнатиот договор помеѓу Русија и Израел кога е во прашање размената на важни податоци. Тој посебно го истакнува фактот дека Израел ја известил руската команда во Сирија сè на сè само 60 секунди пред да ги изврши своите напади. Според неговите зборови Израел во случајот дејствувал крајно лукаво и подмолно, налик на „змија отровница“.

Како што веќе пренесовме во претходните објави, руското Министерство за одбрана за овој тежок инцидент со немерливи последици го обвини Израел. Ваквиот став рускиот министер за одбрана генерал Сергеј Шојгу преку телефон му го пренел на својот израелски колега Агвидор Либерман.

„И покрај постигнатите договори кои беа иницирани за да се спречат вакви опасни инциденти со ВВ на Израел, командата на руската војска во Сирија е известена за нападот само една минута пред ловците F-16 да ги нанесат своите удари“- истакнува рускиот министер.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња