Новосибирскиот Институт за нуклеарна физика (ИНФ) на СО на РАН планира во 2027-2028 година да пушти во работа колајдер под називот „Супер С-Тау фабрика“, а рускиот претседател имаше можност да слушне за овој проект на форумот „Технопром“, вели директорот на Институтот Павел Логачов.
„Во случај да биде одобрен, претставениот проект ќе биде пуштен во работа 2027-2028 година“, рече Логачов, пренесува ТАСС.
Новосибирскиот Институт за нуклеарна физика сега работи на техничкиот проект и создава прототипи на основните елементи на комплексот, а потоа ќе почне изградбата на колајдерот кој, според прелиминарните процени, ќе чини околу 37 милијарди рубли (околу 470 милиони евра).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.