Кримски микроби претвораат експлозив во ѓубриво

Global Look Press

Научниците од Севастополскиот државен универзитет развија единствена еколошки безбедна технологија за рециклажа на муниција која содржи ТНТ, хексоген и „морски смеси” (смеси на ТНТ, хексоген и алуминиум), пренесува „Интерфакс”.

„Тоа е технологија на биоразградување. Развивме единствен спектар на микроорганизми кои можат да преработуваат ТНТ и отпад кој содржи хексоген. Капсулите на муницијата се отвораат по биолошки пат“, изјави началникот на одделението за организација на научни истражувања на Севастополскиот државен универзитет, доктор на технички науки Владимир Гавриш.

Муницијата со отстранет активатор внимателно се сместува во базен во кој бактериите сами ја отвораат и почнуваат да ја преработуваат експлозивната материја. Процесот трае 15 дена. Овие микроорганизми не се патогени, т.е. не се размножуваат надвор од реакторот. Производот на тој начин се добива не може да предизвика експлозија на ниту еден од познатите начини. Тој спаѓа во четвртата категорија на опасности според меѓународната класификација, што значи дека не е опасен.

„Компостот кој се добива со преработка на експлозивни материјали може понатаму да биде преработен со цел добивање на органски ѓубрива од висока класа. Компостот затоа се населува со култура на дождливи глисти и се чува 90 дена, а добиениот биохумус потоа минува низ процес на изедначување на конзистенцијата”, објасни Гавриш.

Во раната фаза на разградување може да се добие нанопрашина на волфрам од јадрото на противоклопната муниција. Со таа цел јадрото се сместува во специјален уред за хидробиолошко ситнење. Технологијата која ја развија кримските научници овозможува напуштање на праксата на еколошки штетното активирање на  експлозивна супстанца која треба да се расходува како и од нејзината индустриска преработка која троши многу енергија и е нерентабилна.

Научниците исто така развија технологија на ревитализација на почвата која содржи остатоци од неексплодиран експлозив. Изработени се мобилни системи за рециклажа на експлозивни објекти кои не можат да се транспортираат.

Прочитајте повеќе: Сибирски научници открија бактерии стари повеќе од три милиони години

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња