„Фејсбук“ во јули обележа илјадници Русија како „потенцијални предавници“. Компанијата објави дека оваа категорија има само „историско значење“ и подоцна ја отстрани на барање на новинарите. Меѓутоа, веќе беше доцна да се запре бранот критики против рекламните методи на „Фејсбук“ во Русија.
Социјалната мрежа не им открива податоци за корисниците на компаниите кои се рекламираат, иако тие се лесно достапни со помош на рекламната алатка на „Фејсбук“. Доколку се користи терминот „предавство“, трета страна може да спроведе рекламна кампања наменета исклучително за „потенцијалните предавници“.
„Компаниите не добиваат никакви лични податоци за вас“, објави „Фејсбук“. „А во таа категорија се наоѓате само поради она што го правите во мрежата, а не поради вашите лични особини“. На пример, според социјалната мрежа, хомосексуалност е категорија која широко се користи.
Виктор Лемпицки, вонреден професор од Центарот за компјутерска наука и наука за податоци и инженеринг на Институтот за наука и технологија „Сколково”, изјави во интервју дека овој скандал е просто смешен.
„Фејсбук“ е добар алат за предвидување и идентификување на интересите. Добар е за издвојување на групи, но називите на овие групи се многу условни“, вели Лемпицки, кој претходно беше истражувач во различни установи, вклучувајќи ги Универзитет „Оксфорд“ и Истражувачката лабораторија на „Мајкрософт“ во Кембриџ.
„Во оваа ситуација веројатно алгоритмите ги опишуваат корисниците со вектор без интерпретација во мултидимензионалниот простор. За „Фејсбук“ е најважно да сфати во што овие луѓе се меѓусебно слични за да се обединат во група за целни реклами“.
Според Лемпицки, „Фејсбук“ користи наједноставни алгоритми за да ѝ додели име на некога група. „Затоа можат да се случат смешни нешта“, заклучува Лемпицки.
Во уште еден неодамнешен скандал со податоци е вклучен и рускиот технолошки конгломерат Mail.Ru Group. Како производител на апликации, оваа компанија имаше пристап до кориснички информации на „Фејсбук“, вклучувајќи ги името, полот, датумот на раѓање на корисникот, локацијата и слично.
Повеќето корисници беа од Русија, а 10% од САД. Според рускиот закон, нивните податоци можат да им бидат откриени само на разузнавачките служби по посебно барање.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче