Официјалната презентација на првиот руски тркачки автомобил SOL е закажана за 20 јуни.
Според пишувањето на руските медиуми, новитетот е создаден првенствено заради учество во првата етапа на трката American Solar Challenge која ќе биде одржана на 6 јули 2018 година.
Телото на автомобилот е направено од карбон кој претежно се користи во производството на авиони и од страна на војската и дури сега почнува да се применува во иновациската автомобилска индустрија.
На тркачката патека „Сочи Автодром“ на претставувањето на првиот руски соларен автомобил на 20 јуни ќе биде извршено тестирање и ќе бидат покажани неговите технички можности. Тоа ќе бидат први возења на соларен автомобил на кружна патека, соопштува службата за односи со јавноста на регионалната влада.
Инженерскиот тим постави на покривот на автомобилот соларни батерии од кои се напојува електромоторот. Моделот SOL развива брзина до 120 километри на час.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче