Руските инженери работат на новите верзии на борбеното возило „Терминатор 2“ кое служи за давање поддршка на тенковите.
Овие борбени возила во изминативе неколку години предизвикаа вистинска сензација. Тоа е систем на вооружување кој руската армија го очекува со најголемо нетрпение.
„Терминаторите“ се замислени како возила за давање поддршка на тенковите во уличните борби, и во таа смисла веќе добро се покажаа во борбата против терористите од Исламска држава во Сирија.
Секој „Терминатор 2“ има најмногу четири ракетни лансери 9М120 „Атака“, два автоматски топа 2А42 со калибар од 30 милиметри, два фрлачи на гранати АГ-17Д и еден митралез ПКТМ со две цевки со калибар од 7.62 милиметри, што е прилично солиден комплет за оклопно борбено возило чија намена е да дава поддршка на тенковите Т-14 „Армата“.
Оваа верзија на борбено возило нема толку оружје колку што имаше нејзиниот претходник „Терминатор 1“ и може да гаѓа само една цел (а не три, како претходната верзија) зашто нема автоматски лансери АГС-17, но затоа е поевтина
И покрај тоа, инженерите започнаа да експериментираат на новите верзии на борбеното возило и во него да интегрираат определени неочекувани технологии.
Инженерите на фабриката „Уралвагонзавод“, творците на прочуените руски „Терминатори“ експериментираат во воведување далечинско управување на возилата предвидени за давање поддршка на тенковите во борба.
„Во овој момент Министерството за одбрана нарача партија 'Терминатори' со пет члена на екипажот кои го контролираат вооружувањето, навигацијата и сите останати системи во возилото. Покрај тоа, конструкторите направија и верзија на возило со три членови на екипажот каде многу функции ги контролираат компјутери и каде постои дури и можност од 'Терминатор 2' да се направи борбено возило без екипаж“, вели за порталот Russia Beyond-Македонија Дмитриј Сафонов, поранешен воен аналитичар на весникот „Известија“.
Според него, далечинско управување ќе имаат сите артилериски оружја на возилото, а самото возило екипажот ќе може да го вкопа и да го маскира, а потоа од засолниште да управува со огнот. Така рускиот „Терминатор“ ќе стане „оружје на апокалипсата“ со разорни топови со калибар од 30 милиметри и со ракети „Атака“.
Инженерите дури и ја разгледуваат можноста за целосна роботизација на „Терминатор“, но тоа е цел за следната деценија зашто во моментов не постои голема потреба за такво оружје на бојното поле. „Кога станува збор за целосно роботизирани системи, тука постојат многу технички и правни прашања кои треба да се решат во следниот период“, додава Сафонов.
Инженерите работат и на интеграција на дополнителни системи за ПВО во следните модели зашто „Терминаторите“ засега се лесна мета за борбените хеликоптери кои можат да испукуваат ракети на оддалеченост од 5 километри.
„Сите овие модификации и нови модели ќе ѝ бидат презентирани на јавноста во следната деценија. Досегашните иновации на 'Терминатор' ќе можеме да ги видиме на претстојната изложба 'Армија 2018' во Подмосковје“, истакна експертот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче