Набљудувачи од Азија и Африка го оценија рускиот дрон на АрМИ-2017

Лансирање на дрон во текот на воената вежба на Јужниот воен округ во рамките на стратешките маневри „Кавказ 2016“. Ставропол, Русија.

Лансирање на дрон во текот на воената вежба на Јужниот воен округ во рамките на стратешките маневри „Кавказ 2016“. Ставропол, Русија.

Сергеј Савостјанов/ТАСС
На АрМИ-2017 претставен рускиот дрон „Елерон-3СВ“.

Набљудувачи од Бангладеш, Индија, Египет, Киргизија, Пакистан и Узбекистан ги оценија предностите на руското беспилотно летало (БЛА) „Елерон-3СВ“ на меѓународната етапа на натпреварувањето АрМИ-2017 „Натпреварување на БЛА“ во Казахстан, соопштува прес-центарот на натпреварувањето.

„Одржана е изложба на беспилотните летала кои учествуваат во натпреварувањата – рускиот „Элерон-3СВ“ и израелскиот „Скајларк“, кој е во состав на вооружувањето на армијата на Казахстан. За набљудувачите беа одржани демонстративни летови, покажана опремата, операторите го објаснија принципот на работа на системите“, истакнуваат организаторите, пренесува РИА „Новости“.

Системот „Елерон-3СВ“ е производ на казанското претпријатие „Еникс“. Наменет е 24-часовно воздушно оптичкоелектронско извидување. Точно ја определува локацијата на објектите со наведување на координатите преку ГЛОНАСС или ГЛОНАСС/GPS. Оперативниот дијапазон на примена е 5 илјади метри.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња