Руската морнаричка пешадија го добива Објектот БММП

УВЗ
Основната намена на борбеното оклопно возило БММП ќе биде транспорт на морнаричката пешадија за време на десантното излегување на морскиот брег што го има зафатено непријателот. Ќе се одликува со голема подвижност на копно и на вода, одличен десантен капацитет, но и голема огнена моќ и современа оклопна заштита.

Во информацискиот простор се појави фотографија на перспективното оклопно возило за потребите на морнаричката пешадија. Концептот на возилото го осмислија конструкторите кои работат во корпорацијата „Уралвагонзавод“ која ќе го произведува сериски доколку се појави интерес за вакво борбено средство.

Основната намена на борбеното возило БММП ќе биде транспорт на морнаричката пешадија за време на десантното излегување на морскиот брег што го има зафатено непријателот. Кога станува збор за габаритот, се претпоставува дека ова оружје ќе има маса од околу 35 тони. БММП по сув терен ќе може да развива брзина и до 75 километри на час, додека во пловни услови ќе достигнува 37 километри на час. Во транспортниот дел ќе може да превезува до 10 војници на морнаричката пешадија со комплетна опрема. Неговиот екипаж ќе биде составен од три војника.

Кога станува збор за основното вооружување, БММП има опција за интеграција на два типа борбени куполи. Станува збор за борбената купола „Бахча“ или уште посовремената беспосадна борбена купола „Кинжал“ која е вооружена со значително појак автоматски топ со калибар од 57 милиметри.

Борбената купола „Бахча“ претставува понатамошна еволуција на борбената купола која е монтирана на советското/руското борбено возило за пешадија БМП-3. Неговото вооружување е составено од спрегнат топ 2А70 со калибар од 100 милиметри, и автоматски топ 2А72 со калибар од 30 милиметри, како и митралез ПКТ со калибар од 7.62 милиметри. Оклопното возило кој е опремено со оваа купола способно е да води успешна борба против сите современи тенкови кои се наоѓаат во оперативна употреба на оддалеченост и до 5.5 километри. Ова му го овозможуваа противтенковските ракети 9М117М1-3 „Аркан“ кои се испукуваат од топот 2А70а, чија тандем кумулативна боева глава (9Н136М) може да пробие 700-750 милиметри оклоп заштитен со динамичка заштита. Исто така ова возило може да уништува непријателска жива сила и леснооклопни борбени средства на оддалеченост и до 7 километри. Покрај гореспоменатите противтенковски ракети 9М117М1-3 „Аркан“, во борбениот комплет на куполата „Бахча“ се наоѓаат и фугасни гранати кои овозможуваат ефикасно уништување на жива сила на непријателот на таква оддалеченост. Вкупниот борбен комплет за топот 2А70 изнесува 34 гранати + 4 ПТРК 9М117М1-3 „Аркан“. Тука се уште и борбениот комплет на автоматски топ 2А72 со околу 500 гранати, како и 2.000 куршуми за митралез ПКТ.

Кога станува збор за борбената купола „Кинжал“ таа ќе биде беспосадна и далечински управувана од внатрешноста на возилото. Нејзината основна сила ќе се базира на интеграција  на современ автоматски топ со висока балистика Ау-220 со калибар од 57 милиметри. Овој топ ќе обезбеди голема густина на огнот на оддалеченост која за неколку пати ги надминува можностите на автоматскиот топ 2А72 со несомнено поголеми ефекти на огнот на своето конечно одредиште. За овој топ руските конструктори развиваат и напредна муниција, така што е речиси извесно дека ќе стане составен дел од современите оклопни концепции кои се развиваат во Русија.

Покрај силното основно вооружување БММП ќе има и висок квалитет на оклопната заштита. Се планира интеграција на активната заштита „Арена-М“ која ефикасно ќе го заштити ова возило од непријателските наведувачки противоклопни ракети опремени со тандем-кумулатинви боеви глави.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња