Производителот ги откри тајните на новиот тежок ракетен фрлач „Буратино“

ТОС-1

ТОС-1

Вадим Савицки/Global Look Press
Јужниот воен округ наскоро добива партија модернизирани тешки ракетни фрлачи. Машината има нов систем на лансирање, нова заштита, мотор и ракети со термобаричко полнење со поголем дострел, велат од прес-службата на корпорацијата „Уралвагонзавод“.

Буратино е направен врз база на тенкот Т-72, но место купола има пакет од 24 цевки калибар 220 мм. Нишанот на новиот тежок ракетен фрлач е попрецизен, а дострелот на ракетите зголемен до 6000 метри. Со ТОС-1А оди и транспортно возило исто така на гасеници на тенкот Т-72 кое носи 24 ракети. Ракетите се уфрлуваат во цевките на новиот „Буратина“ за 24 минути.  

„Буратино“ на руски значи Пинокио, затоа што како и јунакот од бајката овој систем го „пика носот“ каде сака. Тој буквално „блуе“ оган, т.е. ракети со термобаричка смеса кои за неколку секунди можат да ги срамнат со земја непријателските позиции. Таквиот плотун прави „партал“ од утврдени позиции, техника и жива сила.

Вистинскиот пекол настанува потоа. Термобаричкото полнење, кое го содржи секој проектил, создава облак од гасовита смеса која експлодира и прави дополнителен притисок и температура од 3000 степени, согорувајќи го целит кислород наоколу, по што притисокот нагло се намалува.

Прочитајте повеќе: Германскиот печат пишува за „најстрашното оружје на Русија“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња