Во почетната фаза унапредената верзија на бензините АИ-95-K5 „Евро-6” и ATUM - 95 „Евро 6” ќе се продаваат во малопродажба на територијата на Република Башкортостан. За да ги задоволи високите стандарди за квалитет, компанијата разви нова технологија за производство и воспостави построги критериуми во рамките на шесте основни карактеристики на горивото.
Прес-службата на компанијата наведува дека во бензинот „Евро-6” содржината на сулфур е значително пониска, што го намалува корозивното дејство. Освен тоа, тој има помал процент на бензол и ниска токсичност на издувните гасови. Исто така, ова гориво има пониска содржина на олефински јаглеводороди, ароматични јаглеводороди и смоли. Но, таквото гориво е подобро и подолго ги задржува своите особини.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче