Американците во неверица: Изгледа дека Русите навистина сакаат да се бранат кога ќе ги нападнеме?

Сергеј Малгавко/Sputnik
Русија во Сирија итно префрли неколку батерии противвоздушен систем С-400 „Триумф“. Американците стравуваат дека ова е допрва увертира пред понатамошното јакнење на ракетните потенцијали на руската армија во Сирија, како што се оперативно-тактичките системи 9К720М „Искандер-М“ и крајбрежните противбродски системи 3К55 „Бастион“ вооружени со исклучително опасните ракети П-800 „Оникс“.

Москва многу сериозно ги сфати најавите на САД дека нивната војска би можела да нанесе нов удар на територијата на Сирија, поточно врз целите кои се наоѓаат во сирискиот главен град Дамаск. Американскиот интернет портал Veterans Today, специјализиран за воена тематика, нагласува дека последниве неколку дена на територијата на Сирија се префрлени уште неколку батерии противвоздушен систем со голем дострел С-400 „Триумф“.

Како што пренесува интернет порталот politika.ru, главниот уредник на овој американски медиум Гордон Даф (инаку се работи за ветеран од виетнамската војна) изјави дека ги добил овие информации од добро известени извори од врвот на американската војска. Имено, според тие извори, дополнителната количина на овие батерии речиси во целост го покри воздушниот простор и тоа не само на Сирија, туку и на соседните Израел и Либан,

Американските експерти оценуваат дека ваквата реакција на Русија мора да се земе со посебно внимание и дека таа претставува „покажување мускули“ со цел одвраќање на Белата куќа од својот јасно артикулиран став. Од друга страна, руските официјални органи ниту ги потврдија, ниту ги демантираа овие информации. Дополнителни, според изворите до кои дојде интернет порталот Veterans Today,  а ги пренесе politika.ru, Русите се повеќе од одлучни да влезат во отворена конфронтација со американските воздухопловни сили кои би учествувале во најавениот напад. Тие се решени да го соборат секој авион или крстосувачка ракета кои ќе тргнат на Дамаск. Значи, подготвени се да се бранат.

Рускиот противвоздушен систем С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите современи и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел е околу 400км (ракета 40Н6Е), додека во висина делува и до 35 км. Што се однесува до формациската структура на единиците кои се вооружени со овие ракетни системи, се претпоставува дека еден ракетен полк со зенитно-ракетниот комплекс С-400 „Триумф“ се состои од најмалку 2 дивизиона. Во рамките на еден дивизион најчесто се наоѓаат 2-3 батерии од овој систем со вкупно 8-12 транспортно-лансирни единици. Значи, еден дивизион во својот состав има 48 ракети подготвени за моментално дејство. Цел ракетен полк хипотетички може да нападне 96 воздушни цели во оперативен борбен радиус до 400км.

Според процените на западната аналитика, овие системи заедно со оперативно-тактичките ракетни системи 9К170 „Искандер-М“ и крајбрежните ракетни противбродски системи 3К55 „Бастион“ ја сочинуваат окосницата на руската армија кога е во прашање формирање Зона на ограничувања и забрана за пристап и маневри, а која е аналогна на оперативниот дострел на ова вооружување. Ова практично значи дека сите НАТО борбени ефективи кои ќе се најдат во радиусот на оваа зона имаат голем ризик да бидат уништени со групно содејство на овие системи.

Погледнете како се брани Москва од воздушен напад?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња