Руската војска напролет ќе вози мотори на електричен погон

YouTube
Руската фабрика за оружје „Калашников“ напролет ќе ја испорача првата партија мотори на електричен погон за потребите на руската армија.

Новите возила на „Калашников“ се испробани уште во 2017 година. Мотоциклот првпат беше претставен на военотехничката изложба „Армија 2017“. Мотор има јачина од 15 kW, односно 20 коњски сили, а со полн акумулатор поминува 150 км.

„Руската армија ги нарача моторите и ќе бидат испорачани пролетва“, изјави Сергеј Чемезов, прв човек на „Ростех“, државна корпорација во чиј состав е фабриката „Калашников“.

Прочитајте повеќе: Концернот „Калашников” му претстави на Путин мотоцикл од проектот „Кортеж”

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња